На натпреварот од Евролигата, навивачите на Партизан истакнаа транспарент на кој Милош Обилиќ го убива султанот Мурат и ги навредија Турците со контроверзна песна. Турците жестоко се одмаздија по победата на нивниот тим.
Дури и новиот дуел меѓу Партизан и Фенербахче во Белград не помина без национализам и фашистички изјави. Беше истакнато платното на кое Милош Обилиќ го убива султанот Мурат. Треба да се истакне дека многу српски историчари го оспоруваат овој настан.
Потоа од трибините на Арената почна да се пее песна: „Секој Турчин знае, секоја була знае, дека Обилиќ, српскиот син, го заклал Мурат“.
Во коментарите на социјалните мрежи, тие ги понижија Србите, Гробарите, Партизан…
Немаше милост кон црно-белите национал-фашисти. Коментарите кажуваат апсолутно сè.
„367 години плус 40 минути“, е бруталниот коментар на навивач на Фенер алудирајќи на тоа колку долго Турција владеела со Србија, а потоа коментарите продолжуваат:
„Ова не е наше прво освојување на Белград.“
„Кога играш против Турците – поразот е неизбежен. Таква ти е судбината.“
„Историјата секогаш се повторува. Вие сте осудени на пораз од Турците.“
„Турците се враќаат од Србија со уште една победа, исто како што правеле Османлиите со години. Тоа е традиција и судбина.“
„Белград е наш дом од 1521 година. Сулејман Величествениот.“
„Историјата те предупредува одново и одново. А сепак не успеваш да научиш.“
Исто така, најавена е одмазда по пристигнувањето на Партизан во Истанбул, каде што се очекува многу жешка и непријателска атмосфера. Дел од турските навивачки кругови веќе најавуваат дека пречекот би можел да биде исполнет со силни историски симболики – „можеби дури и со сцени како султанот Бајазит кој ја држи главата на кнез Лазар“, како понижување и одговор.
Треба да се истакне и дека Евролигата во четврток ги објави најновите дисциплински одлуки, а меѓу казнетите се најде и Партизан поради инцидентите на мечот со Фенербахче во 12. коло од Евролигата во „Штарк Арената“.
„Црно-белите“ заработија парична казна од 40.000 евра, условна мерка и смалување на капацитеотт на салата на 80% за еден домашен натпревар, со затворање на одредени сектори.
Условната казна важи за сезоната 2025/26 и ќе биде автоматски активирана доколку Партизан повторно го прекрши член 29.1.f од дисциплинскиот правилник. Тоа значи дека капацитетот нема да биде намален за следниот меч на црно-белите, туку само доколку се повтори истиот вид прекршок на домашен терен.
Како главна причина за казната се наведуваат инцидентите на навивачите, а јасно е дека тука спаѓа и транспарентот кој го прикажуваше убиството на султан Мурат од раката на Милош Обилиќ.





