Украинскиот претседател Владимир Зеленски соопшти на „Телеграм“ дека руската армија извршила масовни напади врз Украина, користејќи околу 36 ракети и 600 беспилотни летала.
Во нападите загинале три лица, а десетици се повредени во регионот Киев, вклучувајќи го и главниот град. Градоначалникот Виталиј Кличко информира дека цел на нападите биле повеќе делови од Киев и дека се повредени најмалку 29 лица.
Според писмено соопштение на Министерството за енергетика на Украина, руските сили ја таргетирале енергетската инфраструктура во регионите Киев, Харков, Чернигов и Полтава.
Нападот предизвикал масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија: над 500.000 жители во Киев, повеќе од 100.000 во Киевскиот регион и околу 8.000 во регионот Харков утрово останале без струја.





