✈ Од денес нова авионска линија од Скопје до Прага

Од денеска Македонија добива нов директен лет до Прага, по што скопскиот аеродром станува побогат за уште една редовна рута во мрежата на нискобуџетската авиокомпанија „Визер“. Новитетот е дел од пакетот проширувања што го најави Владата во летниот период.

Петте нови линии произлегуваат од договорот склучен меѓу институциите и авиопревозникот, кој беше официјално потпишан во јули. Тогаш вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека со овие летови се очекува засилен туристички и бизнис-проток кон земјава.

– „Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари – Скопје, Келн – Скопје и редовна авионска линија Прага – Скопје“, објави Николоски во јули.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости