Во продавницата на малопродажниот синџир „Пени“ во баварскиот град Бургзин, завчера, 5 јануари, се случило нешто необично. Имено, 50 овци влегле во продавницата, каде што останале 20 минути.
🐑 Германија: 50 овци влегле во супермаркет, се претпоставува дека го следеле муштеријата pic.twitter.com/6ismetCjVy
— Čaršija Times (@CarsijaT) January 7, 2026
Вистинската причина зошто животните дошле во продавницата и влегле останува непозната, а станува збор за стадо кое претходно се одвоило од стадото. Овчарот Дитер Михлер за германскиот весник „Мејн-Пост“ изјавил дека поминувал со стадото помеѓу индустриската зона и реката Зин, а потоа дел од стадото застаналo да пасе покрај патот.
https://twitter.com/KarlKautabak/status/2008459824980238494Стадото овци влегле на паркингот пред продавницата на Пени и веројатно следелe еден од муштериите бидејќи во неговата торба имало концентрирана храна за животни или сол.Овците оставиле измет, а некои шишиња биле скршени. Продавницата била исчистена, а Пени објавила дека немаат намера да покренат никаква постапка против овчарот, објави германскиот дневен весник BR24 .





