(ВИДЕО) Агенти на ICE убија човек во Минеаполис. Откриен неговиот идентитет, избувнаа нови протести

Сојузни агенти на американската имиграциска служба вчера во Минеаполис усмртиле маж за време на интервенција, потврдија извори блиски до истрагата. Станува збор за втор смртоносен инцидент во кој, за помалку од три недели, се вклучени агенти на имиграциската служба, што дополнително ги разгоре тензиите во градот кој веќе со недели е место на протести.

Според достапните информации, мажот бил погоден со огнено оружје во делот на градот Јужен Минеаполис, на подрачјето на улицата West 26th Street и авенијата Nicollet Avenue. Подоцна било потврдено дека починал од здобиените повреди. Според полицијата, убиениот е 37-годишен американски државјанин.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости