(ВИДЕО) Турција е подготвена да испрати војска како дел од стабилизациски сили во Газа

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, изјави дека Анкара е подготвена да придонесе во форма на испраќање војници во предложените Меѓународни сили за стабилизација во Газа. Фидан ова го изјави за време на првиот состанок на Мировниот комитет за Газа, кој го свика американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Фидан истакна дека, по две години тешки страдања во Газа, прекинот на огнот е постигнат благодарение на „лични напори на претседателот Трамп и заеднички дипломатски ангажман“. Сепак, тој предупреди дека хуманитарната ситуација е сè уште критична и дека кршењата на прекинот на огнот продолжуваат.

Тој нагласи дека е потребна итна, координирана и ефикасна акција за стабилизирање на регионот и спречување на повторна ескалација на конфликтот.

Турскиот министер нагласи дека претседателот Реџеп Таип Ердоган е целосно посветен на обезбедувањето на безбедноста, стабилноста и обновата на Газа.

„Турција веќе обезбедува значителна хуманитарна помош за Газа. Подготвени сме да дадеме значаен придонес во реконструкцијата на здравствениот и образовниот сектор, како и во обуката на локалните полициски сили“, рече Фидан.

Како најзначајна точка од неговото обраќање, Фидан јасно рече: „Подготвени сме да испратиме војници во Меѓународните сили за стабилизација“.

Обраќајќи му се директно на Трамп, Фидан рече дека Турција ќе продолжи да ги поддржува напорите насочени кон обезбедување и одржување на мирот. Тој нагласи дека основата на секое трајно решение мора да биде модел на две држави.

„Работиме за доброто на сите народи во регионот и за постигнување на оваа цел“, заклучи Фидан.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости