„Да бидам јасен, нашите воени сили објавија политика дека секој објект, секоја база што се користи за напад врз Иран, ќе биде легитимна цел за нашите воени сили“, изјави амбасадорот Бахреини за „Еуроњуз“.
Кога го прашале дали ова може да вклучува локации лоцирани во Европа, Бахреини одговорил:
„Ќе ја браниме нашата земја во согласност со она што е потребно за да ја направиме нашата земја безбедна и да обезбедиме дека нема агресија против нашата земја.“
Бахреин, исто така, негираше дека Иран нападнал цивилни објекти во Заливот, обвинувајќи ги САД и Израел за овие напади и велејќи дека Техеран ги таргетира исклучиво воените цели.
„Не можам да го прифатам тоа тврдење“, рече Бахреини кога беше прашан за нападите на Иран врз цивилни области во ОАЕ, Саудиска Арабија и Катар.
„Нашите воени сили добија инструкции исклучиво да ги таргетираат воените бази што САД ги користат против нашата земја“, рече тој, додавајќи дека Иран испратил „многу јасна порака до нашите соседни земји дека сме пријатели, дека припаѓаме на исто семејство“.





