ПОЧИНА СОПСТВЕНИКОТ НА ONLYFANS: Си замина Леонид Радвински, најголемиот поединечен донатор на про-израелското лоби AIPAC

Леонид Радвински, милијардерот и мнозински сопственик на платформата OnlyFans, почина денеска на 43-годишна возраст по долга битка со ракот. Веста ја потврди неговата компанија.

Тој беше најголем донатор на AIPAC: Радвински се најде во центарот на светското внимание како еден од најголемите индивидуални донатори на AIPAC (American Israel Public Affairs Committee).

Според внатрешни документи, тој и неговата сопруга инвестирале со донација од околу 11 милиони долари за ова моќно про-израелско лоби, што е една од највисоките суми на нивната листа.

Бизнис успех: Украинско-американскиот претприемач ја купи OnlyFans во 2018 година и ја претвори во технолошки гигант кој денес брои над 300 милиони корисници и генерира милијарди долари приход.

Иднината на OnlyFans

Неговата смрт доаѓа во момент кога се шпекулираше за продажба на неговиот удел во OnlyFans за сума од околу 5,5 милијарди долари. Иако неговото богатство е обезбедено во семеен траст, пазарите со внимание ќе следат кој ќе ја преземе контролата врз една од најпрофитабилните платформи во светот

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости