Му се заканува ли Доналд Трамп на НАТО: Никогаш не го заборавајте овој многу важен момент и дека не направивте апсолутно ништо

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави порака на социјалната мрежа Truth Social во која ги критикуваше членовите на НАТО алијансата за, како што тврди, недостаток на поддршка во конфликтот со Иран.

„Членовите на НАТО не направија апсолутно ништо за да помогнат со лудата нација Иран, која сега е воено десеткувана. На САД не им треба ништо од НАТО, но никогаш не го заборавајте овој многу важен момент“, рече Трамп.

Неговата објава доаѓа во време на растечко политичко несогласување во рамките на Соединетите Држави околу тоа како да се спроведуваат операции против Иран.

Да потсетиме дека за време на својот говор на донаторската вечера на Републиканската партија во Вашингтон, Трамп се обиде да ги оправда нападите врз Иран, избегнувајќи го терминот „војна“ и инсистирајќи дека станува збор за „воена операција“. Во таа прилика, тој призна дека очекувал потешки економски последици, вклучително и поголем пораст на цените на нафтата и пад на берзата, но нагласи дека тоа не било одлучувачко за него.

Иако тврдеше дека САД „победуваат со стил“, тој призна дека конфликтот веќе влијае на секојдневниот живот на граѓаните преку зголемувањето на цените на горивата и трошоците за живот, велејќи дека таквите последици се прифатливи за да се спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Сепак, анкетите покажуваат растечко незадоволство кај јавноста, додека Трамп ги обвинува медиумите за негативната перцепција.

Во исто време, Иран сè уште ја задржува можноста да извршува напади во регионот, а затворањето на Ормутскиот теснец дополнително го дестабилизира глобалниот пазар на нафта. Критики доаѓаат и од редовите на републиканците, каде што некои функционери бараат повеќе информации за плановите на администрацијата и предупредуваат на претпазливост, особено кога станува збор за евентуално испраќање копнени трупи.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости