Рускиот претседател Владимир Путин остварува најмалку 760 милиони долари дневно, додека војната со Иран ја зголемува глобалната побарувачка за руска нафта.
Според податоците на Киевска школа за економија, приходите на Кремљ од нафта и гас се очекува значително да пораснат овој месец – од околу 12 милијарди долари на речиси 24 милијарди долари. Овој раст се должи на зголемените цени на енергенсите и делумното ублажување на американските санкции.
Дури и во случај на брз крај на конфликтот, проекциите покажуваат дека вкупните приходи на Русија од нафта и гас би можеле да достигнат 218,5 милијарди долари во текот на годината, што претставува зголемување од 63% во однос на претходните проценки.
Извор: The Telegraph




