Неуспешен обид за затворање на нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар

Екипите на Град Скопје не успеаја да го затворат нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар, откако група граѓани со жив ѕид го блокираше поставувањето метална ограда.

Според очевидци, претежно жители од Чаир и околината реагирале на терен, барајќи преминот да остане функционален, бидејќи секојдневно го користат за движење.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден дојде и до блокада на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, при што сообраќајот во одредени периоди беше целосно запрен. На местото имаше засилено полициско присуство.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претходно најави дека нелегалниот пешачки премин ќе биде трајно затворен поради безбедносни причини, а граѓаните ќе треба да го користат блискиот натпатник, кој со години не е во функција и има нефункционални лифтови.

Засега преминот останува отворен, а граѓаните и понатаму ја преминуваат улицата на сопствен ризик.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости