Трамп го пофали Ердоган, па ја избриша објавата по реакциите од Анкара: Објавил лажна вест

Во бројни објави на социјалната мрежа Truth Social, американскиот претседател Доналд Трамп најде време да го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, но на крајот мораше да ја избрише објавата.

Во екот на преговорите со Иран, Трамп објави благодарница до турскиот претседател на социјалната мрежа Truth Social и цитираше цитат за кој се тврди дека му припаѓал на Ердоган.

„Претседателот Трамп е лидерот кого светот го чекаше со векови. Тој не зборува за сила, тој ја отелотворува“, напиша Трамп.

Сепак, кога овие зборови стигнаа до официјална Анкара, се покажа дека Ердоган воопшто не е автор на овој цитат.

Турските власти веднаш ја информираа Белата куќа преку официјални комуникациски канали дека Ердоган не кажал такви зборови, а многу брзо потоа, американскиот претседател ја отстрани објавата.

Американскиот претседател претходно го пофали Ердоган и рече дека е одличен лидер со кого има одлични односи.

„Имаме многу добри односи. Тој е силна личност, но јас имам однос со него каков што никој друг нема. Мислам дека е многу добар сојузник. Некои можеби се сомневаат во тоа, но мислам дека е одличен сојузник и неговиот народ го почитува“, рече претходно Трамп.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости