Потоа животното било преместено во главната зоолошка градина во главниот град Дака.
Бизонот, тежок речиси 700 килограми, привлече огромно внимание од јавноста, а фармата каде што е одгледуван во последните денови ја посетија бројни влогери, новинари и љубопитни луѓе.
Животното веќе било продадено за жртвување за време на Курбан Бајрам, но властите реагирале по зголемениот јавен интерес и проценката дека може да има безбедносни проблеми поради големиот број посетители.
Новиот сопственик добил поврат на парите, додека албино бизонот бил префрлен во Националната зоолошка градина во Бангладеш, каде што сега се наоѓа во засолниште под надзор на персоналот.
Албино биволите се исклучително ретки во Бангладеш, што ги прави вистинска атракција во текот на сезоната на продажба на жртвувани животни. Многумина веруваат дека токму неговиот необичен прекар на крајот му го спасил животот.





