Морничав случај во Унгарија: маж собирал делови од човечки тела и признал дека ги јадел

Унгарската полиција уапси 30-годишен маж под сомнение дека собирал човечки останки од напуштени гробишта и од болница во која работел.

Според соопштението на унгарското Национално биро за истраги, при претрес на неговиот дом биле пронајдени човечко лице, кожа од лице, коски складирани во куфер, потколеница, мозок, рака, глава, повеќе черепи и срце. Истражителите сè уште утврдуваат дали срцето пронајдено во тегла е од човечко или животинско потекло.

За време на испрашувањето, осомничениот изјавил дека бил фасциниран од човечката анатомија и дека со години собирал делови од човечки тела. Според неговото сведочење, останките ги подготвувал и консумирал на различни начини.

Од Националното биро за истраги соопштија дека мажот покажувал голем интерес за анатомијата, патологијата и дисекцијата на животни.

Според првичните сознанија од истрагата, дел од човечките останки можеби ги набавувал преку своето работно место во болница, додека други ги ископувал од напуштени гробишта во Унгарија и Словачка.

Истрагата е во тек, а властите работат на утврдување на потеклото на пронајдените останки и на евентуални дополнителни кривични дела.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости