Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Дмитриј Догадкин за нов амбасадор на Русија во Сирија, што претставува прво вакво именување по падот на владата на Башар ал-Асад.
Догадкин, роден во 1967 година, дипломирал на Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО) во 1990 година и е искусен дипломат кој течно зборува арапски и англиски јазик.
Тој веќе има дипломатско искуство во Сирија. Во периодот од 2009 до 2013 година ја извршувал функцијата висок советник во Амбасадата на Русија во Дамаск. По враќањето во Москва, работел во Министерството за надворешни работи на Русија, каде што бил задолжен за прашањата поврзани со Блискиот Исток и Северна Африка.





