(ВИДЕО) Најголем погреб во историјата на Палестина: Газа погребува 112 жртви извлечени од урнатините

Палестинците денес присуствуваа на погребот на 112 членови на семејствата Хасајна и Абу Шарија, кои беа убиени во израелски напад во 2023 година и чии останки беа извлечени од под урнатините во текот на изминатите недели, според Цивилната одбрана на Газа. Меѓу жртвите имало 40 деца, 38 жени и седум лица со попреченост.

Палестинската цивилна заштита соопшти дека од урнатините на домовите на семејствата Хасајна и Абу Шарија во населбата Сабра, јужно од Газа, се извлечени посмртните останки на 112 Палестинци.

Телата биле извлечени во текот на 136 часа макотрпна работа, при што спасувачите ги користеле своите раце и лесна опрема за да кренат бетонски плочи и да стигнат до мртвите кои со месеци лежеле под урнатините. Многу од останките биле распаднати до непрепознатливост, а тимовите работеа на зачувување на она што можеа за идентификација, така што семејствата ќе можат да ги погребаат своите роднини со имиња, а не како броеви.

Според службата, стотици лица биле убиени во израелски напад врз овие домови, а уште 157 лица сè уште се водат како исчезнати под урнатините. Акцијата за извлекување траела 136 часа, додека спасувачките екипи предупредуваат дека низ Појасот Газа илјадници тела и натаму се наоѓаат под рушевините.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости