Административниот суд во Париз ја суспендираше одлуката на Париската полициска префектура со која беше забранет пропалестинскиот протест организиран од „Urgence Palestine“.
Судот оцени дека не е доволно докажано дека протестот претставува ризик за нарушување на јавниот ред. Протестот, најавен под мотото „против геноцидот во Газа и за почитување на прекинот на огнот“, со тоа можеше да се одржи на 7 октомври.
Претходно, Париската полициска префектура ја забрани демонстрацијата по барање на францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нунез, повикувајќи се на зголемената терористичка закана и ризикот од нарушување на јавниот ред.





