Претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган ги посетија повредените од земјотресот кои се наоѓаат на лекување во градската болница Башакшехир во Истанбул.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги посети повредените лица од земјотресот што на 6 февруари го погодија југот на Туркије.
Претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган ги посетија повредените од земјотресот што минатиот понеделник го погоди југот на Туркије, кои се сместени во градската болница Башакшехир во Истанбул.
Посакувајќи им оздравување на повредените, претседателот Ердоган се информираше од лекарите за нивното здравје.
Најмалку 31.643 луѓе загинаа во земјотресите што го погодија југот на Туркије на 6 февруари, според досегашните официјални податоци.
Земјотресите со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени, со центар во областа Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 10 области, Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије и Шанлиурфа.
Во соседна Сирија, бројот на загинати се искачи над 3.500, а повеќе од 5.200 луѓе се повредени.





