Вчера во просториите на Инернационалниот Балкански Иниверзитет, во организација на граѓанската Платформа за поддршка на Палестина, беше организирана трибина на тема: “Предизвиците на новинарското известување од Газа”, на кој зборуваше новинарот Јусуф Алхелоу, долгогодишен известувач од Газа.
Освен преку поставените прашања од организаторот, Јусуф имаше можност своите искуства да ги пренесе и одговорајќи на прашањата на своите колеги од Македонија и од публиката.
Неговото гостување во Скопје предизвика голем интерес и љубопитност меѓу новинарските кругови, за што сведочат бројните прилози и интервјуа.
Јусуф Алхелоу долгогодишен репортер од газа преживеал многу напади, геноциди, меѓу кои и му починала неговата фамилија. Но тој се уште не се откажува од новинарството.
Тој вели дека во Газа нема правила на известување, новинарите не се заштитени, како што вели тие се мета на беспилотни летала, тенкови и војници.
„Јас бев присутен на првата агресија врз Газа која се случи. Се сеќавам на првиот момент од војната, беше многу тивок ден во сабота кога се случија израелските воздушни напади, беше првата вистинска офанзива од воздух, од море, од земја но ова сега што се случува за разлика од минатото е геноцид како ниеден друг.“ – вели Јусуф Алхелоу.
Алхелоу вели дека новинарите се мета на Израелската војска, многу новинари се убиени затоа што Израел сака да ги замолчи палестинските гласови, да не излегуваат снимки и информации од Газа.
„Многу е тажно што новинарите немаат никаква, заштита како заштитна опрема, многумина од нив немаат оброк под овој глад, бројот на загинати палестински новинари е многу висок за време на овој геноцид затоа што Израел намерно сака да ги замолчи палестинските гласови да нема снимки од Газа кон надворешниот свет, сака да го исплаши палестинскиот новинар затоа што вистината е дека Израел е главен непријател. И многу новинари добиваат мрачни пораки до нивните телефони да престанат да известуваат или ќе ги убијат нивните фамилии, но тоа не не плаши нас ние ќе продолжиме да известуваме.“ – вели Јусуф Алхелоу.
Репортерот од газа Јусуф Алехелоу посочи и покрај поголемиот број убиени репортери од Газа тоа нема да ги исплаши и ќе продолжат да ја вршат новинарската професија, да бидат објективни и да ја информираат јавноста.





