Лидерот на антирежимските сили: „Падот на режимот е близу, бидете милосрдни кон цивилите“

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад е многу блиску, се вели во соопштението на антирежимските сили вечерва. Тој денеска ги повика своите борци да бидат милосрдни кон цивилите.

„Стигнавте до прагот на Хомс и Дамаск, а соборувањето на криминалниот режим е на врата, затоа го повторувам мојот совет до вас, браќа мои, да бидете милосрдни, љубезни и нежни кон нашиот народ. Во градовите и селата влезете како скромни освојувачи“, рече водачот на Хајат Тахрир ал-Шам, Абу Мухамед ал-Џулани

Ал-Џулани, исто така, нагласи дека сите војници на режимот кои пребегнуваат ќе бидат безбедни ако го положат оружјето.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости