Муслиманските верници од земјите на Балканот ја извршија првата терави молитва (терави намаз) по повод почетокот на светиот месец Рамазан, месецот на постот. Мустафа-пашината џамија во Скопје, како и сите други џамии во Македонија, беше преполна со муслимански верници за првата терави молитва. Дел од верниците, по исполнувањето на внатрешноста на џамијата, клањаа во дворот.






