Бројот на загинати се зголеми на 59 лица, 155 се повредени

Бројот на загинати во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани се зголеми на 59, а повредени се 155 лица, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, известува Анадолу.

Од лицата што го загубија животот во пожарот идентификувани се 35 лица, од кои 31 се од Кочани и четири од Штип.

Во изјавата за медиумите министерот Тошковски наведе:

„Досега се извршени разговори со 10 хоспитализирани лица, со еден член од групата ДНК. Распишана е централна потерница по четири лица. Се испитува и документацијата за дозволите на дискотеката издадени од Министерството за економија.“

Тошковски информираше дека меѓу загинатите во пожарот има и еден полицаец што вршел контрола за откривање дрога.

Се дознава дека е приведен еден од сопствениците на дискотеката.

Во врска со повредените во пожарот се обрати и министерот за здравство Арбен Таравари.

Министерот Таравари информираше дека во болниците во земјава се хоспитализирани 118 лица повредени во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани. Тој соопшти дека 18 од повредените се во критична состојба.

Таравари соопшти дека повредените во пожарот се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Скопје, ГОБ „8 Септември“, старата Градска болница во Скопје, во Клиничката болница во Штип и болницата во Кочани.

„Тоа што е најбитно, нема пациент што не е хоспитализиран и што не е сместен низ болниците во државата“, рече Таравари.

 

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости