Протест во Кочани по смртоносниот пожар, демонстранти го демолираа кафе барот на сопственикот на дискотеката

Најмалку 59 лица го загубија животот, а околу 155 се повредени во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани

 – Во Кочани, Северна Македонија, се одржа протест по пожарот што го зафати ноќниот клуб во градот во кој загинаа десетици луѓе, пренесува Анадолу.

Демонстрантите бараа правда за своите блиски кои настрадаа во пожарот, а претходно фрлаа јајца пред зградата на општината.

Група граѓани демолираа и кафе бар, кој наводно е на истиот сопственик на дискотеката, која во неделата во раните утрински часови беше зафатена од пожар.

Најмалку 59 лица го загубија животот, а околу 155 се повредени во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани.

 

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости