(ВИДЕО) ПЕКАР СО ГОЛЕМО СРЦЕ од Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки, купил и подароци за 500 деца!

Како што пренесуваат балканските медиуми, сопственикот на пекарницата „Клас“ во српскиот град Нови Пазар, Сеад Бихорац, покрај тоа што со години им дели бесплатен леб на оние кои не можат да си го дозволат, и покрај тоа што за време на Рамазан сите можат да добијат бесплатни топли пити за ифтар за себе и семејството, во ноември 2024 година почна да гради зграда со шест станови кои ќе им ги подари на самохрани мајки и нивните деца, пишуваат локалните медиуми.

Нема опис за фотографијата.

За несекојдневните добри дела на пекарот од Нови Пазар и порано пишуваа регионалните медиуми, а за овој Рамазан тој направи уште еден благороден гест – организираше делење на пакетчиња како подароци за 500 деца од градот и околината.

Порталот СанџакДанас објави и видео од акцијата со подароците за децата во градот, на кое може да се види нивната радост.

Можно е да е слика од текст

Повеќе видеа од неговата активност погледнете ТУКА.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости