Пензионерите во Аргентина организираа протест барајќи подобри услови за живот

Пензионерите, синдикатите и социјалните организации одржаа марш пред зградата на Националниот конгрес во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, со барање за зголемување на пензиите и подобрување на условите за живот, известува Анадолу.

Генералната конфедерација на трудот, една од најголемите работнички конфедерации во земјата, им се приклучи на демонстрациите, протестирајќи поради владините политики на штедење.

– За денес закажан трет генерален штрајк

За денес во Аргентина е закажан трет генерален штрајк против политиката на претседателот Хавиер Милеи на повик на главниот синдикат во земјата.

Штрајкот ќе трае 24 часа и се очекува да ги парализира возовите, авионите, банките и училиштата. Штрајкувачите протестираат поради буџетските заштеди што ги најави Милеи.

Во период од 16 месеци, колку што претседателот Милеи е на власт, ова е трет генерален штрајк.

Инфлацијата во Аргентина, која изнесуваше 211 отсто, за 12 месеци падна на 66 проценти, но сиромаштијата се зголеми за 52,9 отсто.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости