Прабово: „Сакаме да застанеме рамо до рамо со Туркије за да ги браниме правдата и вистината во светот“

Претседателот на Индонезија, Прабово Субианто, во своето обраќање пред турскиот Парламент рече дека Туркије е всушност продолжение на Отоманската Империја и дека се сеќаваат на историските односи меѓу двете земји

 – Претседателот на Индонезија, Прабово Субианто, денес се обрати пред турскиот Парламент за време на неговата посета на Туркије, известува Анадолу.

Во своето обраќање, претседателот Прабово истакна дека за Индонезија, Туркије е всушност продолжение на Отоманската Империја и дека се сеќаваат на историските односи меѓу двете земји.

Претседателот Прабово истакна дека Туркије ја сметаат за најголема муслиманска цивилизација и додаде:

„Индонезија сака да застане рамо до рамо со Туркије за да ги браниме правдата и вистината во светот.“

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости