(ФОТО) Прогласена вонредна состојба во Шпанија: Необични сцени поради мистериозниот прекин на струја

Министерството за внатрешни работи на Шпанија прогласи вонредна состојба по денешниот прекин на електричната енергија .

Вонредната состојба ќе се применува во регионите кои ќе го побараат тоа, соопшти Министерството, пренесува Би-Би-Си.

Досега Мадрид, Андалузија и Екстремадура побараа централната влада да го преземе јавниот ред и други функции.

Неколку часа откако големиот прекин на електричната енергија погоди голем дел од Шпанија и Португалија, шпанскиот премиер Педро Санчез рече дека причината се уште се истражува.

Претходно претседателот на Европскиот совет и премиерот на Португалија објавија дека „нема индиции“ дека се работи за сајбер-напад.

Во последното обраќање, Санчез ги предупреди граѓаните да избегнуваат шпекулации и посочи дека функционираат болниците – тој исто така рече дека електричната енергија е обновена во некои области на север и југ од Шпанија..

Во главниот град на Португалија, Лисабон, репортер на Би-Би-Си известува дека улиците се „затрупани со сообраќај“ и опишува дека полицајците користат свирежи и рачни сигнали наместо семафори.

Инаку, претходно денеска Би-би-си објави дека португалскиот енергетски мрежен оператор (РЕН) тврди дека „екстремните температурни разлики во внатрешноста на Шпанија“ предизвикале колапс на енергетскиот систем, што ја погоди и нивната земја . Како што е наведено, овие разлики предизвикале големи „ненормални осцилации“ на високонапонските кабли (400 kV). Овој феномен се нарекува „индуцирана атмосферска варијација“.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости