(ФОТО) Десетгодишно палестинско девојче разви витилиго како последица на стрес од израелските воздушни напади

 Секојдневните воздушни напади и нестабилната безбедносна состојба во енклавата оставија длабоки траги кај најмладите

Психолошките последици од воените напади врз Појасот Газа сè повеќе се одразуваат врз менталното и физичкото здравје на палестинските деца, јавува Анадолу.

Десетгодишната Лана ал-Шариф од Кан Јунис развила кожно заболување витилиго, предизвикано од силниот стрес, страв и постојаната анксиозност.

Секојдневните воздушни напади и нестабилната безбедносна состојба во енклавата оставија длабоки траги кај најмладите.

Детската психа, изложена на трауми, го манифестира стресот преку различни симптоми – од анксиозни и депресивни нарушувања, до кожни заболувања и хронични здравствени состојби.

Со ограничен пристап до здравствени услуги и терапија, голем дел од децата во Газа се оставени сами да се соочуваат со стравот, губењето и несигурноста, што ги прави уште поподложни на заболувања поврзани со стрес.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости