Турскиот претседател Ердоган пристигна во Албанија на самитот на Европската политичка заедница

Ердоган беше пречекан на Меѓународниот аеродром во Тирана од вицепремиерката на Албанија, Белинда Балуку, турскиот амбасадор во Тирана, Тајар Каган Атај, и делегација на амбасадата

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Тирана за да присуствува на 6. Самит на Европската политичка заедница, јавува Анадолу.

Ердоган беше пречекан на Меѓународниот аеродром во Тирана од вицепремиерката на Албанија, Белинда Балуку, турскиот амбасадор во Тирана, Тајар Каган Атај, и делегација на амбасадата.

Ердоган го придружуваат заменик-претседателот на Партијата за правда и развој (АК), Халит Јеребакан, директорот за комуникации на Турција, Фахретин Алтун и Акиф Чагатај Килич, главен советник на претседателот за надворешна политика и безбедност.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости