🔴 Поддржете ја Чаршија Тајмс пред да биде предоцна – прочитајте зошто ова соопштение е клучно

СООПШТЕНИЕ ДО НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ

Вистината заслужува простор – помогнете ни да опстанеме

Почитувани читатели,

Чаршија Тајмс постои заради вас – заради вистината што ја барате и заради гласовите што никој друг не ги слуша. Од македонските улици до арапските градови, од Палестина до скопските чаршии, од Истанбул до битолските сокаци, ние го пренесуваме она што другите го премолчуваат.

Но, денес, мораме искрено да ви се обратиме.

Се соочуваме со сериозен предизвик – финансиска нестабилност поради недоволна поддршка од спонзори.

Што значи тоа?

Не можеме да продолжиме да објавуваме вести секој ден и да го одржуваме посветениот тим кој стои зад Чаршија Тајмс – ако целата тежина ја носат само еден или двајца спонзори. Тоа е премногу за толку малку луѓе.

Но и покрај се, доколку нема доволно спонзори и донации, Чаршија Тајмс ќе биде принудена да премине на друг модел на финансирање – преку претплати. Тоа е патот по кој одамна одат и најреномираните медиумски куќи во светот за да обезбедат независност и опстанок.

Ќе бидеме принудени да го ограничиме обемот на нашата работа и да воведеме претплата – преку Visa или Mastercard, со која ќе добиете пристап до сто(100) автентични вести дневно-секој ден, секој месец. (Скромна сума од околу 200 денари месечно)

Токму тука е и нашиот најголем страв – дека со воведување претплати, вестите ќе останат достапни само за најверната публика, но не и за пошироката македонска јавност, за која Чаршија Тајмс всушност постои.

Тоа ќе значи дека многу наши македонски читатели – оние на кои македонскиот јазик им е мајчин и кои за ориентот досега слушале само лоши работи преку медиумите – токму тие, заради кои постои Чаршија Тајмс, ќе бидат исклучени од пристапот до нашите содржини. Ќе се создаде вештачка бариера, каде вистинските и независни вести ќе станат привилегија, наместо јавно добро. Така, цела една публика ќе биде ограничена и цензурирана, но не поради политички притисоци, туку поради финансиска неможност.

И на тој начин, ќе мораме да се фокусираме само на публиката која веќе некако нè поддржува – оние што ја сакаат Турција, исламот и муслиманскиот свет – ориентот.

Тоа би било спротивно на нашата мисија: да бидеме глас за сите и да допреме до сите – не само до една заедница или еден регион.

Затоа, ова е отворен повик.

Ако верувате во слободното новинарство, ако сакате да постои македонски медиум кој известува за сите случувања во светот без цензура – помогнете нè. Не мора сите да дадат многу – доволно е секој да даде малку.

Некој ќе праша: Како можеме да зборуваме за правда и помош за Газа, ако не ја поддржуваме Чаршија Тајмс која нѐ известува за тоа?

Досегашните апели за донации не вродија со плод, но сме искрено благодарни на оние неколкумина што досега донираа и ја поддржаа Чаршија Тајмс. Исто така, упатуваме голема благодарност до неколкуте спонзори кои со својата поддршка придонесуваат за опстојувањето на овој независен медиум – сите тие се јавно прикажани на самиот портал.

Контактирајте нè за поддршка на: [email protected] или во порака на нашиот Фејсбук Čaršija Times

Чаршија Тајмс не е само медиум – Чаршија е вашиот пријател, тоа сме сите ние заедно!

Ибн ал-Кајјим ал-Џаузијја, средовековен исламски мислител и теолог ќе каже (1292–1350):

„Постојат различни степени на борба за вистината – највисокиот меѓу нив е оној што се води преку знаење, докази, објаснување и упатување.“

Со почит,
Редакцијата на Чаршија Тајмс

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости