(ВИДЕО) Израелска војска пукаше врз меѓународна делегација во Џенин – Турција бара крај на неказнивоста

⚡️ Израелската армија отвори оган врз меѓународна делегација за време на официјална посета на источниот влез од бегалскиот камп Џенин на Западниот Брег.

📍 Кампот е под строга израелска воена опсада од 19 јануари. Делегацијата се состоела од амбасадори и дипломати од земјите-членки на ЕУ и арапски држави.

🇹🇷 Министерството за надворешни работи на Турција со остра реакција:
„Ја повикуваме глобалната заедница остро да го осуди овој чин и да преземе чекори за ставање крај на неказнувањето на Израел.“

◾ Турција потврди дека меѓу нападнатите бил и еден нејзин службеник од Конзулатот во Ерусалим.
◾ Инцидентот се случил додека делегацијата спроведувала набљудувачка мисија во кампо, каде што со месеци се пријавуваат сериозни прекршувања на човековите права.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости