12 години затвор за Стојанче Јовановски во случајот „Ивана и Катја“

Казна затвор од 12 години затвор, денеска, во Кривичниот суд, му беше изречена на Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за трагедијата што се случи на 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот, по пад од балкон.

Јовановски беше обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.

Јовановски беше осуден и прогласен за виновен за сите три дела. За телесна повреда доби 5 години, за загрозување на сигурноста 3 години и за наведување и помагање во самоубиство 5 години. Судијата Ивица Стефановски посочи дека му се изрекува единствената затворска казна од 12 години.

Обвинителството побара тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата, а судот го прифати предлогот.

Обвинителството, во завршен збор, побара максимална казна за обвинетиот оценувајќи дека во постапката е докажан континуитет на физичко, психичко и економско насилство врз Ивана Јовановска, кое, според обвинението, кулминирало со трагедијата на 2 март годинава. Одбраната, пак, побара ослободителна пресуда со став дека Обвинителството не ги докажало ниту последицата ниту каузалитетот за делата што му се ставаат на товар на обвинетиот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости