Обединетите нации го повикаа Израел веднаш да ги ослободи двајцата активисти кои беа уапсени на флотилата за Газа

Обединетите нации (ОН) го повикаа Израел веднаш да ги ослободи двајцата активисти кои беа приведени откако израелската војска пресретна флотила со хуманитарна помош на пат кон Газа во меѓународни води крајбрежјето на Грција.

Станува збор за активистите Саиф Абу Кешек и Тијаго Авила, кои моментално се во затвор во Ашкелон, на југот на Израел. Двајцата беа дел од флотилата „Глобал Сумуд“, група бродови што испловија од Франција, Шпанија и Италија за да достават хуманитарна помош до луѓето од Газа.

„Израел мора веднаш и безусловно да ги ослободи членовите на флотилата „Глобал Сумуд“, Саиф Абу Кешек и Тијаго Авила, кои беа пресретнати во меѓународни води и донесени во Израел каде што и понатаму се држат без обвинение“, изјави портпаролот на Канцеларијата за човекови права на ОН, Тамин Ал-Хитан.

Тој нагласи дека „не е кривично дело да се покажува солидарност и да се обидува да се достави хуманитарна помош на палестинското население во Газа, на кое му е очајно потребна“.

Абу Кешек и Авила ги обвинија израелските власти за малтретирање за време на нивниот притвор. Според извештаите, двајцата активисти штрајкуваат со глад веќе шест дена.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости