Активист на „Сумуд“: Израел ги третираше британските дипломати како слуги

Израел ги подложи на понижувачки третман не само притворените активисти на меѓународната флотила „Глобал Сумуд“, туку и дипломатите кои пристигнаа да се сретнат со нив.

„Односот на ционистите (израелскиот затворски персонал) кон британскиот конзул беше понижувачки. Мислевме дека не малтретираат затоа што бевме притвореници. Но, тие исто така се однесуваа лошо кон конзуларниот персонал“, изјави за агенцијата Анадолија Сијад Хусеин, британски член на мисијата.

Тој нагласи дека персоналот на конзулатот ја претставува Велика Британија и затоа навредите упатени кон нив се навреда за целата земја. „Ова беше можно затоа што нашиот премиер, нашите влади и нашите пратеници им се додворуваа на ционистите. Ционистите ги сметаат за свои слуги, врз кои можат да газат“, рече Хусеин.

Според него, за време на нападот врз флотилата, израелските сили користеле водни топови, што предизвикало тешкотии со дишењето кај лицата на бродот. Хусеин рече дека капетанот на бродот „Ол ин“, на кој се наоѓал, 72-годишниот пензиониран британски пилот на борбени авиони Малколм Дакер, бил фрлен на земја за време на киднапирањето.

„Многу нè малтретираа. Кога излегував од бродот со багажот, ми се приближи вооружен војник и се обиде да ме турне. Постојано се обидуваа да нè провоцираат и заплашат. Ако стоевте пред ѕид, ќе ве турнеа кон него; ако се потпревте на него, ќе ве одвлечеа“, се сеќава тој.

Хусеин истакна дека приведените активисти биле лишени од пристап до чиста вода и лекови.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости