Јасмин Реџепи: Без меѓународни сили и гаранции, примирјето е само пауза за окупаторот

Ми навираат солзи кога гледам како Палестинците во Газа се радуваат на почетокот на примирјето. Не се тоа солзи радосници, тоа се солзи тажачки.
Палестинците во Газа се радуваа и во јануари годинава, но по испораката на одреден број заложници, Нетанјаху измисли причина за да го прекрши примирјето и го удвои бројот на убиени цивили. Исто како и пред тоа.

Со овој приказ на трите фази од повлекувањето на окупационата војска, се гледа дека нема да има конечно повлекување. Палестинците се уште еднаш, по кој знае кој пат, издадени од меѓународната заедница и од муслиманските држави.

Не сум скептик. Напротив, длабоко во себе посакувам ова да беше вистинското примирје и вистинскиот крај. Но реалната состојба е поинаква од крај на геноцидот, а многу далеку од мир и слобода за палестинскиот народ.

Без одлука за демилитаризација на двете страни, а не само на палестинската страна, на окупаторот му се врши услуга за повторна окупација и геноцид без отпор.

Без меѓународни сили со одврзани раце за гарантирање на безбодноста на Палестинците, тие остануваат ранливи како и до сега.

Без одговорност на окупаторот пред меѓународниот кривичен суд за воени злосторства, ќе нема правда, а мир без правда е како градба без темел.

Без обнова на Газа и на Западниот Брег, и без репарација (отштета) од страна на окупаторот кон жртвите, тоа е уште една неправда во континуитет.

Без меѓународно признавање на Палестина како држава, во рамките на дводржавното решение, враќање на Палестинците на Западниот Брег и отстранување на илегалните доселеници, не постојат јасни насоки за трајно решение на овој проблем на нашето време.

Земете го примерот на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот мировен договор, кој остави Франкенштајн држава и простор геноцидните политичари да го кочат напредокот на државата. Сè што не се дефинира на време е простор за конфликт во иднина.

Држи воду док мајстори оду, се вика овој “мировен” договор.

🤡: “Биби, ај тргни се малку, нека ти одморат крволочните орди, дур земам нобелова награда за мир, па после бркај работа.”
👹: “Амнестирај ме за секој случај, к’о Хорхе на Грујо, дур да се подготвам на раат за следната фаза од геноцидот, а у меѓувреме нека се радуваат наивните.”

Пишува: Јасмин Реџепи

Ставовите изразени во овој текст се на авторот и не мора да ја одразуваат уредувачката политика на Чаршија Тајмс.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости