Амбасадорот на СП со изјава: Хомосексуалноста е грев и психички проблем

Хомосексуалноста е забранета во Катар и може да биде казнета со 7 години затвор.

Амбасадорот на Светското првенство во фудбал во Катар, Калид Салман, две недели пред почетокот, во изјава за германскиот ZDF, соопшти дека хомосексуалноста е грев и психички проблем.

Во интервју за документарец, тој изјави дека „во неговата земја ќе дојдат многу работи“ и започна разговор за хомосексуалците. Поранешниот фудбалер додаде дека сите ќе можат да дојдат во Катар, но ќе мора да ги почитуваат правилата во таа земја.

„Имам проблем пред сè затоа што децата ќе видат хомосексуалци. Ќе научат нешто што не е добро. Хомосексуалноста е грев и е забранета“, потенцира тој.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости