Додека многу жени во Ирак и ширум светот го запалија хиџабот или марамите, позната манекенка го прифати Исламот и марамата ја стави како дел од својата вера
Француската манекенка вели : “Избрав со душа, срце и ум”
Француската манекенка и реалити ѕвезда Marine El Himer сподели важен детал од својот живот со своите следбеници. Таа го прифатила исламот, а изминатите денови од животот ги нарече најсреќни моменти досега.
Marine El Himer, која ја следат над 1,6 милиони луѓе на Инстаграм, сподели серија објави пред Ќаба, најсветото место на муслиманите.
Како што истакнала, тоа било нејзино прво патување во Мека. Манекенката се покрила со хиџаб, а среќата не ја криела со тоа што потврдила дека почнала да го практикува исламот.
„Нема зборови што се доволно силни за да се искаже количината на среќа и емоции доживеани во овој момент. Духовно патување кое се надевам дека ќе продолжи да ме воздигнува и води. Иншалах(Ако даде Господ)“, напиша таа под нејзината објава.
Marine истакна дека преминала во ислам пред неколку месеци, што дури сега решила јавно да го потврди.
“Има патишта по кои треба да се оди сам. Без пријатели, семејство, без партнер. Само ти и милостивиот Господ. Ова беше избор на мојата душа, срце и ум. Избор кој ми беше логичен и кој слободно и гордо го следам“, откри таа.
Ваквата одлука, посочи таа, следеше по период кој го одбележаа предизвици и одредени промени. Marine тогаш се преиспитала и сфатила дека сака да ги стави работите во ред во својот живот.
„Треба да знаете една работа, а тоа е суштината на мојата порака: Не е срам да ја смените вашата религија, каква и да е таа. Тоа е основно право што секој треба слободно да го користи“, заклучи таа.
Многу нејзини следбеници и дадоа поддршка и истакнаа дека се радуваат за неа.
Marine се појави во француското реално шоу „Les Princes et les Princess de l’Amour“ („Принцовите и принцезите љубови“). Таа е родена во јули 1993 година во Бордо, но локалните медиуми пишуваат дека има мароканско-египетско потекло.
Спомнуваат и како убавата манекенка пораснала со својот очув, а додека истражувала за својот биолошки татко и неговото потекло, се сретнала со исламот, од каде што започнало се.





