Авион на „Туркиш ерлајнс“ изврши принудно слетување во Барселона поради закана за бомба

Авион на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул до Барселона изврши принудно слетување на аеродромот „Ел Прат“ по дојава за можна закана со бомба во авионот.

Според каталонската новинска агенција ACN , безбедносните служби на аеродромот ги активирале потребните протоколи: авионот слетал во безбедна зона, подалеку од терминалите, а патниците биле евакуирани. На местото на настанот пристигнале специјални сили и полициски единици.

Во исто време, работењето на аеродромот генерално продолжи како и обично, без прекин на општиот сообраќај.

„Ел Паис“ појаснува дека станува збор за авион „Ербас А321“ на „Туркиш ерлајнс“; летот полетал од Истанбул околу 9:00 часот наутро.

Подоцна, агенцијата ACN објави дека по проверката на багажот и спроведувањето на безбедносни проверки, безбедносните сили исклучиле каква било реална закана.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости