Руска разузнавачка служба: се подготвува признавање на Црногорска Православна Црква

Прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација на 12 јануари 2026 година објави соопштение со сериозни обвинувања против Цариградскиот Патријарх Вартоломеј. Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение кое предизвика бурни реакции во целиот православен свет и официјална реакција од Цариградската Патријаршија.

„Прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СВР) соопштува дека, според информациите што пристигнуваат во СВР, Цариградскиот патријарх Вартоломеј, кој ја распарчил православна Украина, ја продолжува својата расколничка дејност во православниот црковен простор. Сега тој го насочил своето црно око кон балтичките земји. Овој ’ѓавол во плот’ е опседнат со идејата да го истисне руското православие од територијата на балтичките држави, утврдувајќи на негово место црковни структури целосно потчинети на Фанар.

Во тоа на секој начин го поддржуваат британските специјални служби, кои активно ги потхрануваат русофобските расположенија во европските земји. Со нивна поддршка, Вартоломеј, кој е огрезнат во смртниот грев на расколот, најде заеднички јазик со властите на прибалтичките држави во стремежот да внесе смут во рускиот православен свет. Потпирајќи се на идеолошки сојузници во ликот на локалните националисти и неонацисти, тој се обидува да ги оттргне Литванската, Латвиската и Естонската Православна Црква од Московската патријаршија, преку примамување на нивните свештеници и верници во вештачки создадени од Константинопол марионетски религиозни структури.“

Понатаму во соопштението се вели:

„Со цел да нанесе удар врз ‘особено непокорната’ Српска Православна Црква, тој има намера да ѝ додели автокефалност на непризнаената ‘Црногорска православна црква’.

Во црковните кругови се забележува дека Вартоломеј буквално го раскинува живото Тело на Црквата. Со тоа тој се изедначува со лажните пророци за кои се зборува во Беседата на гората: ’Тие доаѓаат кај вас во овча кожа, а одвнатре се волци грабливи. … По плодовите нивни ќе ги познаете’.“

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости