Белгискиот премиер Барт де Вевер објави дека неговата земја се придружува на другите нации во признавањето на палестинската држава за да испрати „силен политички и дипломатски сигнал до светот“.
Тој додава дека правното признавање на палестинската држава може да се направи само кога сите заложници ќе бидат ослободени и сите терористички организации како што е Хамас ќе бидат отстранети од администрацијата на Палестина.
„Ефикасното водење на дипломатските односи со новата држава Палестина, вклучително и отворањето на белгиската амбасада и склучувањето на меѓународни договори, ќе се спроведе откако ќе бидат постигнати целите на Њујоршката декларација“, рече тој.
Пред Генералното собрание на ОН, Палестина беше признаена од Франција и Монако





