Bloomberg објави, повикувајќи се на свои извори, дека Турција сака да ги врати ракетните системи за воздушна одбрана С-400 во Русија. Според изворите, претседателот Реџеп Таип Ердоган разговарал за ова прашање со рускиот претседател Владимир Путин на состанок во Туркменистан минатата недела.
Целта на овој потег, како што наведуваат изворите, е подобрување на односите со САД, укинување на одбранбените санкции и враќање на Турција во програмата за ловци од петта генерација Ф-35. Дополнително, Анкара се надева дека би можела да ги надомести милијардите долари потрошени за купување на С-400, можеби преку попусти на руската нафта и гас.
Турските власти не коментираат за информациите, додека Кремљ негира какво било такво барање.





