🔥🇮🇷 Бројот на повредени во експлозијата во пристаништето Бандар Абас во Иран се достигна 516

Бројот на повредени лица во силната експлозија во пристаништето Бандар Абас на брегот на Персискиот Залив во јужен Иран, се зголеми на 516, известува Анадолу.

Бројот на повредени лица во експлозијата во градското пристаниште Шахид Раџаи во Бандар Абас, покраината Хормузган, се зголеми на 516, објави иранската државна телевизија.

Во веста се наведува дека засега нема информации за евентуални човечки жртви.

Сè уште се во тек напорите за гаснење на пожарот што избувна по експлозијата.

Силна експлозија се случи напладне во пристаништето Бандар Абас на брегот на Персискиот Залив во јужен Иран.

Засега сѐ уште не е утврдена причината за експлозијата.

Во инцидентот што се случи по експлозија на некои контејнери во пристаништето, првично беше објавено дека се повредени 47, за подоцна тој податок да биде обновен на 406.

Според вестите објавени во локалните медиуми, оштетена е зграда во пристаништето од силата на експлозијата, а скршени се и прозорците на зградите во околната.

Беше објавено дека причината за експлозијата сè уште не е утврдена.

Мехрдад Хасанзаде, генерален директор на Управата за управување со кризи во Хормузган, претходно соопшти дека упатиле предупредување до власта по прашањето за безбедноста во пристаништето.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости