„Фајненшл тајмс“: Саудиска Арабија одложува или блокира банкарски трансфери кон ОАЕ

Саудиска Арабија одложува или блокира банкарски трансфери од сметки во кралството кон приматели во Обединетите Арапски Емирати, особено во Дубаи, објавува „Фајненшл тајмс“.

Компаниите тврдат дека плаќањата, кои претходно се реализирале без проблем, сега со денови се задржуваат, а потоа се враќаат без образложение. Ова предизвикува нарушувања во трговијата и ги принудува дел од фирмите да ги пренасочуваат трансакциите преку Бахреин или да користат поскапи начини на плаќање.

Од Саудиската централна банка негираат дека вовеле ограничувања кон одредени земји, наведувајќи дека банките применуваат стандардни процедури за усогласеност и проценка на ризикот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости