Сиљановска-Давкова на прием кај Ердоган во Анкара пред Самитот на НАТО

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, учествува на 36. Самит на НАТО во Анкара, каде што лидерите на земјите-членки разговараат за актуелните безбедносни предизвици и иднината на евроатлантската соработка.

Во пресрет на официјалниот дел од Самитот, Сиљановска-Давкова присуствуваше на приемот организиран од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На својата Фејсбук-страница таа информираше дека во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади размениле мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.

„Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста“, порача претседателката.

Попладнето лидерите на земјите-членки се собраа на традиционалното заедничко фотографирање, при што Сиљановска-Давкова беше позиционирана во првиот ред, заедно со останатите шефови на држави и влади.May be an image of one or more people

Годинешниот Самит на НАТО е фокусиран на зајакнување на колективната безбедност, унапредување на одбранбената соработка и координиран одговор на актуелните геополитички предизвици. Се очекува лидерите да усвојат повеќе заеднички заклучоци и насоки за идното дејствување на Алијансата.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости