(ФОТО) Џамија каква што ретко се гледа: Внатрешноста буди восхит

Веројатно никогаш не сте виделе ваква џамија: Hamidiye Camii што изгледа како рајска градина

Hamidiye Camii, џамијата што се наоѓа во централниот турски град Киршехир, привлекува огромно внимание поради својот несекојдневен ентериер, каков што ретко се гледа во исламската архитектура.

Она што најмногу ги воодушевува верниците и посетителите е внатрешниот простор: таванот осликан како отворено небо, тепихот кој наликува на зелена трева, водопад над михработ и природни мотиви на ѕидовите. Сето тоа создава чувство како молитвата да се извршува во градините на Џеннетот (рајот).

Џамијата првично била изградена во 1910-тите години, за време на Отоманскиот калифат, и го носи името на султанот Абдулхамид II Хан. Со текот на децениите, стариот објект бил запоставен и во лоша состојба, поради што бил срушен и заменет со новоизградената Hamidiye Camii на истото место.

Имамот на џамијата, Сефа Екинџи, вели дека дизајнот на ентериерот е инспириран од 22. ајет од Сура Ал Бакара од Светиот Куран, кој зборува за земјата како почивалиште, небото како покрив и дождот како извор на живот. „Искрено се обидовме да го доловиме духот на овој ајет во просторот на џамијата“, изјави тој.

Новата Hamidiye Camii, чиј ентериер е дело на азербејџански архитект, брзо стана едно од најпосетуваните духовни места во градот. Локалните жители велат дека џамијата не само што ги задоволува просторните потреби на заедницата, туку носи и чувство на внатрешен мир и духовна смиреност.

No photo description available.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости