(ВИДЕО) Турција во шок: Поранешниот премиер Давутоглу подготвен да влезе бос во Газа – „Подобро е да умрам со чест, отколку да живеам со срам“

Поранешниот премиер на Турција, Ахмет Давутоглу, ја потресе турската јавност со својата последна изјава во контекст на трагедијата во Газа и колапсот на меѓународната совест пред страдањата на палестинскиот народ.

„Не барам никаква безбедност. Доколку е потребно, подготвен сум да влезам во Газа со боси нозе. Подобро е да умрам со чест, отколку да живеам со срам,“ рече Давутоглу пред новинарите, со длабока решителност и гнев за молкот на светот.

Изјавата на Давутоглу предизвика бран реакции на социјалните мрежи, каде граѓани ја пофалија неговата храброст, додека други прашуваат дали државата ќе му дозволи да дејствува по совеста.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости