(ФОТО) Судски процес што го следи светот: Кој е судијата што ќе го води историскиот процес против Мадуро?

Деведесет и две годишниот (92) Елвин К. Хелерштајн, еден од најстарите активни федерални судии во САД и припадник на ортодоксниот јудаизам – Евреин, ќе претседава со кривичниот процес против венецуелскиот лидер Николас Мадуро пред Окружниот суд на САД за Јужниот округ на Њујорк во Менхетен.

Хелерштајн, кој беше именуван од поранешниот претседател Бил Клинтон и е во статус на старши судија од 2011 година, е познат по својот строг, методичен и независен судски пристап. Тој со години го следи предметот против Мадуро, кој се соочува со сериозни федерални обвиненија, вклучувајќи трговија со дрога, корупција и дела поврзани со тероризам.

Процесот има значајни меѓународни и геополитички импликации, особено поради блиските врски на Мадуро со Иран и неговата долготрајна реторика против Израел и ционизмот. Американските обвинители признаваат дека докажувањето директна командна улога на Мадуро во наводен наркокартел ќе биде еден од најголемите правни предизвици.

Иако јавно ја исповеда својата религија, Хелерштајн со децении инсистира на строга поделба меѓу личните убедувања и судските одлуки, нагласувајќи дека судиите неизбежно се обликувани од своето животно искуство, но мора да судат исклучиво врз основа на законот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости