(ФОТО) Во Вашингтон се одржаа протести против Трамп на Денот на трудот

Демонстрантите носеа транспаренти и знамиња, изразувајќи несогласување со политиките на Трамп и неговото влијание врз американското општество

Членови на повеќе од 20 невладини организации вчера на Плоштадот на слободата во Вашингтон протестираа против американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу.

Протестот се одржа на 1 мај по повод Меѓународниот ден на трудот, кога низ цел свет се организираат собири за работнички права и социјална правда.

Протестот беше еден од многуте низ САД, каде што учесниците бараа поголеми права за имигрантите и подобри услови за работа.

Демонстрантите носеа транспаренти и знамиња, изразувајќи несогласување со политиките на Трамп и неговото влијание врз американското општество.

Дел од учесниците држеа говори во кои упатија критики. ()

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости