Хуманитарниот брод што превезувал помош за Газа и на кој се наоѓале 16 лица e спасен од малтешките власти откако e нападнат со беспилотно летало и останал без погон, јавуваат локалните медиуми денес, јавува Анадолу.
Повикувајќи се на владино соопштение, јавниот радиодифузен сервис ТВМ објави дека реморкер со опрема за гаснење пожари му помогнал на бродот на Флотилата на слободата откако пратил повик за помош (СОС).
🚨URGENT: Drones ATTACK Gaza aid flotilla in international waters and set boat on fire-crew needs to evacuate NOW. Demand help from Maltese govt +35622002495 pic.twitter.com/Gdo8n4tAZ9
— Abby Martin (@AbbyMartin) May 2, 2025
Според соопштението на Коалицијата Флотила на слободата, нападот со беспилотно летало го оставил бродот без електрична енергија и го ставил во „сериозна опасност од потонување“.
Малтешката Влада информира дека по барање од реморкерот, на местото бил пратен и патролен брод на Малтешките вооружени сили.
„Околу 2:13 часот по локално време беше потврдено дека сите лица на бродот се безбедни, но сите одбиле да го напуштат бродот“, се наведува во соопштението, додавајќи дека ситуацијата била ставена под контрола до 3:45 часот.
Бродот со име „Conscience“ (Совест) сѐ уште се наоѓа во меѓународни води и е под надзор на надлежните органи, додаваат властите.
🚨 🧵Breaking: The Gaza-bound aid ship #Conscience was hit by drones in international waters just 17 nm off Malta—Israel’s blockade tactics have reached Europe’s doorstep. Full story👇
— Euro-Med Monitor (@EuroMedHR) May 2, 2025
⁰Eyewitness video shows two blasts that disabled the generator and set the deck on fire.… pic.twitter.com/OIT6LhQNzI





