Француски телевизиски канал беше казнет за дистрибуција на исламофобична содржина

Француски новинарски канал CNews во среда беше казнет со 100.000 евра за распространување содржина што повикува на дискриминација на Алжирци и муслимани, пренесува Анадолу Агенција и други медиуми во светот.

Францускиот регулатор за телевизија и радиодифузија Arcom му изрече неколку парични казни на каналот вкупно над 100.000 евра за два емитувани прилози од програмата „L’heure des pros“ што, според регулаторот, може да се сфати како повик на дискриминација на муслимани и лица од Алжирско потекло.

Според објавеното, во еден од прилозите беше изнесена теза дека присуството на Алжирци во Франција е „закана за јавната безбедност“, а во другиот беше прикажана општa асоцијација на сите Палестинци како „лица одговорни за нападите на 7 октомври“.

Arcom исто така му даде предупредување на каналот и побара внимателно да се следи содржината што ја емитува, со цел да се спречи ширење пораки што би можеле да поттикнуваат потиснување или дискриминација на одредени групи.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости